• среда, 21 мај 2025

Средба на државниот секретар во МВР, Петрушевски со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте

Средба на државниот секретар во МВР, Петрушевски со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте

Скопје, 29 април 2025 (МИА) - Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски денеска остварил средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте.

На средбата, како што објави Петрушевски на неговиот фејсбук профил, изразиле заедничко задоволство од развојот на политичкиот дијалог и билатералните односи меѓу нашите две земји.

- Ја истакнавме одличната соработка меѓу Владите и министерствата за внатрешни работи и ја потврдивме подготвеноста за нејзино натамошно интензивирање и продлабочување. Упатив благодарност за досегашната силна поддршка и квалитетната соработка со Романија, која е на високо ниво, напиша државниот секретар во МВР.

Петрушевски на средбата потенцирал и колку е важна континуираната регионална соработка и брзата размена на информации, особено во борбата против организираниот криминал, илегалната миграција, криумчарењето мигранти и тероризмот.

Амбасадорката Аксинте ја потврдила поддршката на Романија за нашето членство во Европската Унија и изрази подготвеност за помош во конкретни области од заеднички интерес.

- Разговаравме и за нашето заедничко учество во меѓународни и регионални иницијативи, организирањето обуки во претстојниот период и можностите за понатамошен развој на билатералната соработка, објави на фејсбук државниот секретар во МВР, Сашо Петрушевски. цр/са/

Фото: фејсбук на државниот секретар во МВР, Сашо Петрушевски

Остани поврзан