• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Средба на ДИК со делегација од Комитетот за почитување на обврските и заложбите од страна на земјите членки на Советот на Европа

Средба на ДИК со делегација од Комитетот за почитување на обврските и заложбите од страна на земјите членки на Советот на Европа

Скопје, 25 април 2025 (МИА) - Државната изборна комисија (ДИК) денеска оствари средба со делегацијата од Комитетот за почитување на обврските и заложбите од страна на земјите членки на Советот на Европа - Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа.

Во состав на делегацијата се Сибел Арслан од Швајцарија - Група на Социјалисти, Демократи и Зелени,  Џозеф О’Рајли од Ирска, Група на Европска народна партија, и Агњешка Шклана, секретар на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Како што соопштија од ДИК, претставниците на делегацијата биле информирани за тековните активности и подготовки на ДИК за организирање на претстојните локални избори 2025 година.

-Претставниците на делегацијата, исто така беа известени дека ДИК, навреме ги презема сите активности во рамки на нејзините надлежности и во соработка со останатите надлежни институции околу организирањето на претстојните локални избори 2025 година, како и дека ДИК активно ќе се вклучи со свои предлози за измена на Изборниот законик, се наведува во соопштението од ДИК.

Претставниците на делегацијата изразиле задоволство од досегашната работа на ДИК за досега спроведените избори, и и посакале на Комисијата успешно спроведување на претстојните локални избори. дма/лв/

Фото: ДИК

Остани поврзан