• петок, 05 декември 2025

Средба на градоначалникут Ќура со директорот на ТАВ Македонија Курт

Средба на градоначалникут Ќура со директорот на ТАВ Македонија Курт

Струга, 25 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура денеска го прими генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт.

На средбата, како што соопшти општнската прес-служба, се разговарало за заедничките предизвици и можности поврзани со регионалниот развој.

- На средбата беше потенцирана стратешката важност на Аеродромот Охрид, точка од клучно значење не само за локалниот развој, туку и за националната економија. Се разговараше за потребата од поголема интеграција и поблиска соработка меѓу општините од регионот и аеродромите, со цел создавање нови економски, туристички и инфраструктурни можности, стои во информацијата на Општина Струга.

Директорот на ТАВ Македонија, Курт, како што е наведено, најавил нови инвестиции за проширување на капацитетите на аеродромот, нови авионски линии, кои ќе имаат позитивно влијание врз развојот на Охрид, Струга и целиот регион. сс/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан