• петок, 22 ноември 2024

Средба на градоначалникот Пецаков со германската амбасадорка Холштјн

Средба на градоначалникот Пецаков со германската амбасадорка Холштјн
Охрид, 13 јули 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, денеска имаше средба со германската амбасадорка во нашата државава, Анке Холштајн. На средбата, како што соопшти општинската прес-служба, ја запознал со функционирањето на Општината и предизвиците со кои се соочува. - Особено беа потенцирани активностите во однос на исполнувањето на критериумите за зачувување на статусот во УНЕСКО, како светско природно и културно наследство, стои во информацијата. Градоначалникот ја информирал и за отворањето на Старт ап центарот, со помош на европските фондови, како и за одличната соработка со германските компании Костач и ОДВ електрик и проектите што ги реализираат со општинското средно училиште „Свети Наум Охридски“. Амбасадорката Холштајн изразила подготвеноста Амбасадата да помогне во реализацијата на проекти кои се однесуваат на трансграничната соработка со Албанија за заштита на Охридското Езеро. сс/сст/

Остани поврзан