• петок, 20 февруари 2026

Средба на вицепремиерот Сали со министерката за внатрешни работи на Албанија, Кочиу

Средба на вицепремиерот Сали со министерката за внатрешни работи на Албанија, Кочиу

Скопје, 28 јануари 2026 (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата Беким Сали остварил средба со министерката за внатрешни работи на Република Албанија, Албана Кочиу

Како што соопшти Министерството за европски прашања (МЕП),  за време на средбата биле разгледани билатералните односи меѓу двете држави, можностите за продлабочување на меѓуинституционалната соработка и развојот на економските инвестиции, како и проектот „One Stop Shop“.

-Се очекува во блиска иднина да започнат подготовките за негова имплементација, додека самата имплементација на системот се очекува да започне во летната сезона, наведува МЕП во соопштението. 

На средбата била нагласена важноста на политичката и институционалната координација за реализација на стратешките проекти.

-Двете страни се согласија за интензивирање на дијалогот и секојдневната соработка меѓу надлежните институции, со цел унапредување на конкретните проекти кои го зајакнуваат партнерството меѓу двете земји и придонесуваат за стабилноста, економскиот развој и европската перспектива на регионот, се наведува во соопштението. хс/

Фото: Министерство за европски прашања 

Остани поврзан