• петок, 05 декември 2025

Средба на Божиновска и Љатифи со претставници на KfW за енергетска инфраструктура и регионална поврзаност

Средба на Божиновска и Љатифи со претставници на KfW за енергетска инфраструктура и регионална поврзаност

Скопје, 21 август 2025 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и директорот на МЕПСО Бурим Љатифи денеска оствариле работна средба со претставници на германската развојна банка KfW, посветена на унапредување на соработката во делот на енергетската инфраструктура и регионалната интерконекција.

Како што информираат од Министерството за за енергетика, рударство и минерални суровини, на средбата било разговарано за неколку клучни проекти во партнерство со АД МЕПСО, кои се од стратешко значење за стабилноста и модернизацијата на електроенергетскиот систем.

-Подготовка на нов Правилник за мрежата (Grid Code) усогласен со новиот Закон за енергетика и Четвртиот енергетски пакет на ЕУ. Во рамки на ова, ќе се обезбеди техничка помош, а постапката за набавка ќе биде спроведена според процедурите на KfW. Интерконектор Северна Македонија – Косово (400 kV): како прв чекор, ќе се изработи прет-физибилити студија која ќе ги опфати потенцијалните траси и еколошките аспекти. За ова е договорена заедничка апликација до WBIF за техничка помош и понатамошна поддршка на проектот. Јакнење на електропреносната мрежа со приоритетни линии: 110 kV Струја – Куманово – Крива Паланка, 400 kV Штип – Радовиш – Струмица – Петрич/Сандански (Бугарија), посочуваат од Министерството.

Соговорниците ја потврдиле заедничката заложба за продолжување на билатералните средби и за убрзување на процесите со цел обезбедување сигурен и модерен електроенергетски систем, подготвен да го апсорбира растот на обновливите извори на енергија.

-Регионалното поврзување и модернизацијата на електропреносната мрежа се предуслов за стабилен и сигурен енергетски систем. Соработката со KfW е значаен поттик за реализација на проекти што ја зајакнуваат позицијата на Северна Македонија во европската енергетска мапа и го поддржуваат енергетскиот транзициски процес, изјавила Божиновска.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини посочуваат дека и натаму ќе работи на забрзување на стратешките инвестиции во енергетиката, во партнерство со меѓународните финансиски институции и домашните енергетски компании. фф/са/

Фото: Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

Остани поврзан