• среда, 16 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Средба Муцунски со холандската амбасадорка Џанел: Потврдена посветеноста на Владата за продолжување на европскиот пат

Средба Муцунски со холандската амбасадорка Џанел: Потврдена посветеноста на Владата за продолжување на европскиот пат

Скопје, 27 февруари 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со холандската амбасадорка Узлем Џанел, на која била потврдена посветеноста на Владата за продолжување на европскиот пат.

-На средбата ја нагласивме важноста од развивање на севкупните односи и соработка меѓу двете земји, засновани на длабоко пријателство и споделени вредности. Се заблагодарив за принципиелната и гласна холандска поддршка на нашата интеграција во ЕУ и ја потврдив посветеноста на Владата за продолжување на европскиот пат, преку спроведување на активна реформска агенда на домашен план и одговорно дејствување на меѓународно ниво, наведе Муцунски во објава на Фејсбук.

Додаде дека како НАТО сојузници, ја поздравиле одличната соработка меѓу двете земји по сите клучни теми од дневниот ред на Алијансата.

-Ја потврдивме подготвеноста за натамошна тесна координација и соработка во пресрет на претстојниот Самит на НАТО, закажан за јуни 2025 година во Хаг, Холандија. Разговаравме и за актуелните меѓународни и регионални прашања, како и за соработката и предизвиците во рамките на мултилатералните формати, со крајна цел зачувување на безбедноста и мирот, додава министерот во објавата по средбата со холандската амбасадорка во просториите на Министерството. нд/ац/

Фото: Фејсбук страница Тимчо Муцунски

Остани поврзан