• среда, 25 март 2026

Средба Милошоски - Декарт: Поддршка од Швајцарија за парламентарната отчетност и транспарентност

Средба Милошоски - Декарт: Поддршка од Швајцарија за парламентарната отчетност и транспарентност

Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Значењето на долгогодишната поддршка што Швајцарија ја обезбедува за институционалниот развој и јакнењето на демократските процеси во Собранието, беше истакнато на денешната средба на потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски со Северин Декарт, раководител на секцијата за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка.

-Потпретседателот Милошоски ја потенцираше улогата на Швајцарската агенција за развој, како и на Националниот демократски институт (NDI), како значајни партнери и поддржувачи на Собранието. Тој истакна дека преку заедничка соработка се реализираат повеќе проекти насочени кон унапредување на парламентарната отчетност, транспарентноста во работењето и зајакнување на капацитетите на законодавниот дом, се наведува во соопштението од собраниската прес-служба.

Соговорниците, како што тои во оопштението, разменија мислења за тековните активности и можностите за понатамошно продлабочување на соработката, со цел дополнително унапредување на демократските стандарди и ефективноста на парламентарната работа.

Потпретседателот на обранието Милошоски посебна благодарност упати и до амбасадорот Зомер и неговиот тим за нивната континуирана поддршка во реализацијата на заедничките иницијативи и проекти, кои имаат значаен придонес во процесите на институционален развој и зајакнување на демократските вредности во земјата. дма/са/

Фото:Собрание

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан