• понеделник, 25 ноември 2024

Средба Лимани – Мужаќи на маргините на Форумот за млади во рамки на Берлинскиот процес

Средба Лимани – Мужаќи на маргините на Форумот за млади во рамки на Берлинскиот процес

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани на маргините на Форумот на млади во рамки на Берлинскиот процес, оствари средба со државната министерка за млади и деца на Албанија, Бора Мужаќи.

Како што информираат од Министерството за социјална политика, демографија и млади, на средбата се разговарало за продлабочување на билатералната соработка во областа на политиките за деца и млади, како и младинската размена на искуства.

Двајцата министри се согласиле дека само младите можат да ги водат државите кон патот на евроинтеграциите.

-Ние, државите од регионот на Западен Балкан имаме многу повеќе работи кои не соединуваат, отколку што не разделуваат. Затоа од особено значење е да ги поврземе младите во регионот преку разни заеднички иницијативи, настани и процеси, порачал Лимани.

Соговорниците се осврнале и на значењето и улогата на Регионалната канцеларија за младинска соработка RYCO, која веќе осум години работи на поврзување на младите од регионот.

Еден од заклучоците на средбата бил и дека како земји од Западен Балкан треба да вложат повеќе напори за да се придвижат побрзо и да станат конкурентни со другите земји од ЕУ. сст/ац/

Фото: Министерство за социјална политика, демографија и млади


 

 


 

 

 

Остани поврзан