• понеделник, 20 мај 2024

Средба Ердоган – Абас во Истанбул

Средба Ердоган – Абас во Истанбул
Истанбул, 10 јули 2021 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас, јави агенцијата Анадолија. Средбата, која траела еден час и 45 минути, се одржала во палатата „Вахдетин“ во Истанбул. Состанокот беше затворен за медиумите, а по него двајцата лидери преминаа на меѓуделегациска средба, информира Анадолија. јт/

Остани поврзан