Средба Ердоган-Бајден на маргините на НАТО самитот во Брисел
- На маргините на НАТО самитот денеска во Брисел се одржа средба зад затворени врати на претседателите на Турција и САД Реџеп Тајип Ердоган и Џо Бајден, јави Анадолија.

Брисел, 14 јуни 2021 (МИА) - На маргините на НАТО самитот денеска во Брисел се одржа средба зад затворени врати на претседателите на Турција и САД Реџеп Тајип Ердоган и Џо Бајден, јави Анадолија.
Ердоган претходно се состана со претседателот на Франција Емануел Макрон, премиерот на Велика Британија Борис Џонсон, германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и премиерот на Холандија Марк Руте, соопшти агенцијата.
Претседателите и премиерите на 30 членки на НАТО за време на Самитот разговараа за низа теми и одржаа низа билатерални средби, со почитување на мерките за борбата против пандемијата на Ковид-19.
Последниот самит на лидерите на НАТО е одржан во декември 2019 година во Велика Британија. ссм/