• петок, 05 декември 2025

Средба Дачиќ - Јанев на 93-то Генерално собрание на Интерпол во Маракеш

Средба Дачиќ - Јанев на 93-то Генерално собрание на Интерпол во Маракеш

Белград, 26 ноември 2025 (МИА) - Министерот за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, денеска, на маргините на 93-то Генерално собрание на Интерпол во Маракеш, имаше средба со директорот на Бирото за јавна безбедност на Република Северна Македонија, Александар Јанев.

Како што се наведува во информацијата од српското Министерство за внатрешни работи, двете страни се согласиле дека постои одлична полициска соработка меѓу Република Србија и Република Северна Македонија. Посебен акцент бил ставен на успешната соработка во клучните области на борбата против нелегалната миграција, организираниот криминал и тероризмот.

- На средбата беше потврдена целосна посветеност на понатамошната соработка и беше изразена надеж дека заедничките сили на двете земји ефикасно ќе одговорат на сите актуелни безбедносни предизвици во регионот, се посочува во информацијата. зс/ев/

ФОТО: Дачиќ

Остани поврзан