• недела, 22 декември 2024

Средба Груби - Џачка: Интеграцијата во ЕУ е во интерес на државата и граѓаните

Средба Груби -  Џачка: Интеграцијата во ЕУ е во интерес на државата и граѓаните

Скопје, 27 март 2023 (МИА) - Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министерката за Европа и надворешни работи на Албанија Олта Џачка, на денешната срдеба разговараа за континуираниот политички дијалог и општите случувања во билатералните односи меѓу двете земји, кои сега одбележуваат три децении од воспоставувањето на дипломатските односи.

- Уставните измени и реформи во земјава беа оценети како политички процес за кој е потребна волја и истакнаа дека мора да се обединат сите политички фактори на фронтот за Европа, да го остават политичкиот интерес на страна, и да се фокусираат на интересот на државата и граѓаните од Унијата. Процесот на проширување во Европската Унија е поврзан не само со стабилноста и безбедноста на Балканот, туку и со целиот европски континент, информираат од Кабинетот на Груби.

Првиот вицепремиер ја истакна важноста од реализацијата на инфраструктурните проекти, кои остануваат приоритет на двете земји, но и други работи во енергетската област, железничкото поврзување во рамките на Коридорот 8, како и други договори потпишани меѓу двете влади.

- На средбата беше истакнато дека како сојузници во НАТО, Северна Македонија и Албанија се подготвени за продлабочување на меѓусебната соработка, за поактивен придонес во областа на безбедноста во регионот и пошироко, соопштуваат од кабинетот на првиот вицепремиер.

Притоа, двајцата соговорници разговарале за состојбите во регионот, со посебен осврт на дијалогот Приштина – Белград, по последниот договор во Охрид, случувањата во поширокиот регион, но и руската агресија врз Украина. ир/сп/

Фото: Влада

Остани поврзан