Средба Гир-Антоновски посветена на можностите за поставување на основите за поголема одржливост и финансиска стабилност на МИА
- Амбасадорот на Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија Дејвид Гир денеска го прими директорот на државната агенција МИА, Драган Антоновски на средба во просториите на Делегацијата.

Скопје, 13 декември 2023 (МИА) – Амбасадорот на Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија Дејвид Гир денеска го прими директорот на државната агенција МИА, Драган Антоновски на средба во просториите на Делегацијата.
Гир и Антоновски разговараа за соработката меѓу ЕУ делегацијата и МИА и можностите за нејзино продлабочување.
На состанокот беше потенцирано дека ЕУ делегацијата високо ја цени работата на МИА, како релевантен извор на брзи и точни вести и дава целосна поддршка на слободното функционирање на медиумите и унапредување на слободата на говорот во земјава.
На средбата соговорниците разговараа за работата на МИА, за реформите спроведени изминатите години, како и за препораките до Владата, кои произлегоа од експертската тркалезна маса, поддржана од ОБСЕ за законско уредување на работата на МИА.
Гир и Антоновски се осврнаа и на можностите за поставување на основите за поголема одржливост и финансиска стабилност во работењето на државната Агенција. ац/бак/
Фото: МИА