• четврток, 26 март 2026

Средба Герасимовски-Тодоровска: Гласот на жените е клучен за силен и стабилен Центар

Средба Герасимовски-Тодоровска: Гласот на жените е клучен за силен и стабилен Центар

Скопје, 15 октомври 2025 (МИА) - Градоначалникот и кандидат за нов мандат во Општина Центар, Горан Герасимовски, во разговор со Савка Тодоровска, борец за женски права и претседател на Националниот совет за родова рамноправност, истакна дека локалната самоуправа и во наредниот период активно ќе ги поддржува сите проекти посветени на родовата еднаквост и положбата на жените, се вели во соопштението неговиот тим кое МИА го објавува интегрално.

Општина Центар, во соработка со Националниот совет за родова рамноправност, во изминативе години обезбедуваат бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник за ранливите категории граѓани, особено за жените жртви на семејно и родово-базирано насилство.

-Послабиот пол е нашата најсилна страна, во семејството, општеството и во општината. Како локална самоуправа целосно ги поддржуваме сите иницијативи кои ја зајакнуваат положбата на жените, промовираат еднакавост и обезбедуваат заштита од насилство, истакна Герасимовски.

Тодоровска ги повика жените да се вклучат во локалните избори и активно да учествуваат во демократските процеси кои ја обликуваат иднината на општината во која живеат.

По повод месецот октомври, посветен на борбата против ракот на дојката, Герасимовски и Тодоровска апелираа до жените да бидат одговорни кон своето здравје и редовно да прават превентивни прегледи. 
 

Остани поврзан