• петок, 22 ноември 2024

Средба Бислимоски - Узунчев, тема непречен старт на грејната сезона

Средба Бислимоски - Узунчев, тема непречен старт на грејната сезона

Скопје, 11 септември 2024 (МИА) - Непречен старт на новата грејна сезона беше една од темите во фокус на средбата помеѓу претседателот на РКЕ Марко Бислимоски и новоназначениот генерален директор на ЕСМ Лазо Узунчев. 

Како што информираат од РКЕ, во присуство на нејзините членови и дел од раководството на ЕСМ се разговарало за активностите на кои компанијата ќе се посвети за да се обезбеди сигурна, стабилна и непречена испорака на топлинска енергија.

-Набавка на природен гас е клучен елемент во регулаторната одлука за цена на парно посочи претседателот Бислимоски, за што директорот Узунчев информираше дека конкурентноста ќе биде приоритет со цел да се обезбеди цена на овој енергенс, која ќе резултира со намалени трошоци за производство на топлинска енергија. Во исто време се разговараше и за цевководот под мостот Беласица да се стави во функција за што се преземаат соодветни чекори и во иднина новиот топловод и просторот ќе се обезбедат соодветно за се намали ризикот од повторување на случајот со опожарување на цевките, се вели во соопштението РКЕ. 

Во однос на состојбата со електрична енергија директорот Узунчев најавил дека ќе спроведе серија активности со кои ќе се оптимизираат трошоците на работа, а во исто време ќе се фокусираат кон зголемување на производството на електрична енергија. 

Претседателот Бислимоски предложил да се направи анализа за концептот откуп на домашно произведената струја од новите производителни на електрична енергија од фотоволтаични централи во транспарентна постапка, со цел да се добие поевтина цена на струја, и да се заштедат акумулациите.

ОдцРКЕ велат дека грејната сезона вообичаено започнува на 15 октомври, но не пред 1 октомври доколку средната надворешна прогнозирани температура е еднаква или пониска од 12 степени целзиусови. сст/ац/

Фото: РКЕ 

 

Остани поврзан