• петок, 05 декември 2025

Средба Али-Елмази: Националните паркови се непроценливо богатство, нивната заштита е заедничка одговорност

Средба Али-Елмази: Националните паркови се непроценливо богатство, нивната заштита е заедничка одговорност

Скопје, 15 август 2025 (МИА) - Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али денеска одржа работна средба со директорот на Националниот парк „Шар Планина“ Евзал Елмази.

На средбата, како што соопшти ЦУК, се разговараше за мерките и активностите за заштита од пожари во националните паркови.

Директорот Али истакнал дека негов приоритет е во сите национални паркови во државата да се инсталираат камери за рано откривање на пожари со цел навремено реагирање и спречување на поголеми штети.

- Двајцата директори се согласија дека модернизацијата на системот за следење и зголемената координација меѓу институциите ќе придонесат за поефикасна превенција, брза интервенција и зачувување на природните ресурси во националните паркови на Република Северна Македонија. Националните паркови се непроценливо богатство на нашата земја, а нивната заштита е заедничка одговорност и должност кон идните генерации, се наведува во соопштението. мд/вј/

Фото: ЦУК 

Остани поврзан