Изменет режим на сообраќај на експресниот пат Штип-Кочани
- Сообраќајот на експресниот пат А3 Штип - Кочани, од клучка Крупиште до клучка Кочани, ќе биде пренасочен денеска од 9 до 12 часот ,во кој период ќе се изведуваат технички активности, најави Министерството за внатрешни работи.
Скопје, 21 мај 2025 (МИА) - Сообраќајот на експресниот пат А3 Штип - Кочани, од клучка Крупиште до клучка Кочани, ќе биде пренасочен денеска од 9 до 12 часот, во кој период ќе се изведуваат технички активности, најави Министерството за внатрешни работи.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе го пренасочува сообраќајот во тој период на стариот пат Штип - Кочани.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за изменетиот режим режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.лв/са/
фото:МИА архива