• недела, 22 декември 2024

Србљак преку третиот носител до четвртфиналето во Куршумлијска Бања

Србљак преку третиот носител до четвртфиналето во Куршумлијска Бања

Куршумлијска Бања, 1 август 2024 (МИА) - Македонскиот тенисер Горазд Србљак избори пласман во четвртфиналето на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања. Тој во денешниот меч од второто коло го совлада третиот носител Федерико Бондиоли од Италија со 2:1 во сетови (6:3, 4:6 и 6:3) за 2 часа и 45 минути игра.

Нашиот тенисер имаше четири брејка во мечот од 14 можности, додека противникот имаше само два од пет шанси. Токму поголемиот број брејкови му донесоа пласман во четвртфиналето на Србљак. 

Во четвртфиналето утре Србљак ќе игра против седмиот носител Луи Теса од Франција. зс/

Фото: МТФ

Остани поврзан