Србија: РЕМ ги повика медиумите да ја прекинат програмата за минута на годишнините од масовните убиства
- Регулаторното тело за електронски медиуми во Србија (РЕМ) ги повика медиумите во државата да ги прекинат своите програми за една минута во спомен на жртвите од злосторства, на претстојната годишнина од масовните убиства во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и во околината на Младеновац.
Белград, 30 април 2025 (МИА) - Регулаторното тело за електронски медиуми во Србија (РЕМ) ги повика медиумите во државата да ги прекинат своите програми за една минута во спомен на жртвите од злосторства, на претстојната годишнина од масовните убиства во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и во околината на Младеновац.
РЕМ ги повика медиумите да ги затемнат екраните в сабота, 3 мај во 8:40 часот наутро, и в недела, 4 мај во 22:32 часот, односно да ја прекинат радио програмата со пораката „3 и 4 мај се денови на сеќавање на жртвите на масовните убиства. Се сеќаваме“.
Ученик на белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ К.К. (13) уби девет ученици од тоа училиште и еден обезбедувач на 3 мај 2023 година, а рани пет ученици и еден наставничка.
Еден ден по злосторството во училиштето, Урош Блажиќ уби девет лица и рани 12 во близина на Младеновац, во селата Мало Орашје и Дубона, за што е осуден на 20 години затвор како максимална казна бидејќи бил малолетник во времето на злосторството и немал 21 година. зш/