• петок, 05 декември 2025

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа

Белград, 31.октомври 2025 (МИА) – Градот Белград и Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) истакнаа кандидатура за организација на финалето од Лига Европа на УЕФА за сезоната 2027/28. Според информациите од ФСС, Србија планира финалето да се игра на новиот Национален стадион.

Во конкуренција за организација на овој финален натпревар се уште Франција (Париз, стадион Парк на принцовите), Италија (Торино, стадион на Јувентус) и Романија (Букурешт, Национална Арена).

Се очекува во следниот период УЕФА да направи инспекција на сите кандидатури. мн

Фото: УЕФА

Остани поврзан