• сабота, 21 декември 2024

Србија го презеде претседавањето со Централноевропската иницијатива

Србија го презеде претседавањето со Централноевропската иницијатива

Белград, 21 ноември 2024 (МИА) - Србија го презеде претседавањето со Централноевропската иницијатива од Албанија на годишниот состанок на министрите за надворешни работи во Тирана, јавува Бета.

Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ истакна дека Србија ќе работи на зајакнување на регионалната соработка.

- Нашиот витален национален интерес е економската соработка, инфраструктурната поврзаност и решавањето на отворените прашања од минатото, рече Ѓуриќ.

Тој додаде дека претседателството ѝ овозможува на Србија да ги поставува приоритетите на регионалната соработка и да влијае на темите за дискусија.

- Ова е успех за нашата дипломатија и шанса да покажеме дека земјите од регионот треба да бидат обединети во предизвикувачки времиња, истакна српскиот министер.

Тој додаде дека Србија останува посветена на евроинтеграциите и повика на поддршка од земјите-членки на Европската Унија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан