• недела, 22 декември 2024

Срамно и опасно - вели Заев за снимката во која се говори за негова ликвидација

Срамно и опасно - вели Заев за снимката во која се говори за негова ликвидација
Скопје, 28 април 2021 (МИА) - Згрозен сум од тоа што го слушнав, без разлика кој го изговара и од каде доаѓа, вели премиерот Зоран Заев за објавената аудио снимка во која се зборува за негова ликвидација. -Нашиот народ од секогаш се борел против такви зли умови. Денес имаме правна држава која ги штити нашите граѓани и нашите деца. Гледате чепкаат и по деца и по фамилии. Срамно и опасно, изјави премиеро Заев за ТВ 24. „А1он“ објави снимка од разговор прикачена на мрежата „Јутуб“ , а на која наводно се слуша разговор на двајца од осудените за „27 април“. Од Управата за извршување санкции, како што објави 360 степени, која е надлежна за затворите, пак, не коментираат околу снимката која, според објавувачот, е направена во затворската установа каде се двајцата осуденици. Оттаму велат дека за веродостојноста и автентичноста на аудиото треба прво да се направи истрага и да се произнесат од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР затоа што снимката е нејасна. дма/сст/

Остани поврзан