• петок, 03 мај 2024

СП2022: Катарскиот селектор верува во конкурентност на неговата репрезентација

СП2022: Катарскиот селектор верува во конкурентност на неговата репрезентација

Доха, 16 ноември 2022 (МИА) – Селекторот на катарската фудбалска репрезентација Феликс Санчез зрачи со оптимизам пред дебитантскиот настап на неговата екипа на Светското првенство на кое ќе бидат домаќини.

- Беше тешко замисливо дека во 2019 година ќе го освои Азиското првенство, но го направивме тоа. Не велам дека ќе бидеме светски прваци, целта ни е да се натпреваруваме на највисоко ниво, изјави денеска 46-годишниот Санчез.

Мундијалот в недела ќе биде отворен со дуелот меѓу Катар и Еквадор.

Во репрезентацијата на Катар нема ниту еден фудбалер со меѓународно искуство, бидејќи сите играчи настапуваат во катарската лига. ег/ми/

Остани поврзан