• вторник, 23 јули 2024

СП нордиски спортови: Цветановска 71-ва на крос-кантри 10 км

СП нордиски спортови: Цветановска 71-ва на крос-кантри 10 км

Планица, 28 февруари 2023 (МИА) - Македонската скијачка Ана Цветановска го освои 71. место од 81 натпреварувачка кои се појавија на стартот на денешната трка крос-кантри на 10 километри на Светското првенство во нордиски спортови кое се одржува на Планица, Словенија.

Цветановска патеката ја помина со време од 31:27,8 односно 7:47 минути послабо од победничката Џеси Дигинс од САД.

Американката до златниот медал стигна со време од 23:40,8 минути. Второто место и сребрениот медал е за Фрида Карлсон од Шведска со заостаток од 14 секунди зад Дигинс, а трета е уште една Швеѓанка - Ема Андерсон која имаше 19,5 секунди побавно време од победничката.

Утре на Мундијалот е машката трка на 15 километри индивидуално слободно (почеток 12:30 часот). зс/

Фото: МОК

Остани поврзан