СП го отфрли барањето на СПАК за одземање на пратеничкиот имунитет на Балуку, реагираше СПАК, Бериша најави протест
- Одлуката беше објавена денеска попладне, по состанокот на пратеничката група на СП, каде што претседателот на парламентарната законодавна комисија, Улси Мања, рече дека по смената на Балуку од функцијата, сега постои нова реалност и СПАК може да ги продолжи истрагите дури и без мерката апсење.
Тирана, 9 март 2026 (МИА) - Владејачката Социјалистичка партија на Албанија одлучи да го отфрли барањето на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешната вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, со цел нејзино апсење.
Одлуката беше објавена денеска попладне, по состанокот на пратеничката група на СП, каде што претседателот на парламентарната законодавна комисија, Улси Мања, рече дека по смената на Балуку од функцијата, сега постои нова реалност и СПАК може да ги продолжи истрагите дури и без мерката апсење.
Премиерот Еди Рама, кој е лидер на социјалистите, на состанокот рекол дека против Балуку нема обвинение за корупција, објавувајќи дека таа
ќе продолжи да ја раководи партијата за регионот Фиер, иако ја напуштила функцијата вицепремиер.
-Нема да гласаме за апсење на пратеници без силни аргументи. Тука обвинителот бара, а судијата трча. Во наше име, не. Со наш глас, не, порачал Рама.

Балуку, е осомничена во рамки на истрагата поврзана со тендерските постапки за тунелот Логара и дел од проектот за Големата обиколница во Тирана. Беше опфатена со реконструкцијата на владата, но останува пратеничка, бидејќи во Албанија иако биде избран за член на влада, останува и пратеник.
По објавата на одлуката на СП кусо реагираше СПАК изјаснувајќи се "против секоја иницијатива што го ограничува опсегот за истрага и на обичните граѓани и на високите функционери".
Реагираше и лидерот на опозициската Демократска партија, Дали Бериша, според кого денешната одлука е јасен напад не само врз правдата, туку и врз албанските граѓани.
Додаде дека Рама ги затворил вратите за интеграција во ЕУ и најави протест пред парламентот на 12 овој месец, кога во законодавниот дом треба да се гласа по барањето на СПАК за Балуку. вт/јт/
Фото: Социјалистичка партија