• петок, 22 ноември 2024

Спречен шверц на стока за широка потрошувачка на ГП „Долно Блаце“

Спречен шверц на стока за широка потрошувачка на ГП „Долно Блаце“
Скопје, 2 јуни 2022 (МИА) - На граничниот премин „Долно Блаце“ вчера полициски службеници извршиле контрола во две патнички возила и задржале четири косовски државјанизатоа што во возилата била пронајдена поголема количина стока за широка потрошувачка без потребните документи. Како што соопштија од МВР, вчера во 14.15 часот бил извршен преглед во возило „фолксваген бора“, со косовска национална ознакауправувано од Р.С.(30), во кое совозач бил А.Т.(31), двајцата од Косово. При преглед во возилото, во делот за резервна гума била пронајдена стока за широка потрошувачка без документи.

Во 15.20 часот, пак, била извршена контрола и на патничко возило „фолксваген голф, исто така со косовска национална ознакауправувано од Ќ.Ц.(23), во кое совозач бил Г.И.(29), двајцата од Косово. При контролата било констатирано дека возилото било натоварено со стока за широка потрошувачка без документи.

Од МВР посочуваат дека за настанот бил запознаен Јавен обвинител, по чија насока лицата и предметите биле предадени на царински службеници за понатамошна постапка.бт/лв/

Остани поврзан