• среда, 29 јануари 2025

Спречени обиди за криумчарење луксузни чанти, цигари, масло како и пасоши за миленичиња

Спречени обиди за криумчарење луксузни чанти, цигари, масло како и пасоши за миленичиња

Скопје, 29 јануари 2025 (МИА) -  Две пријателки кои патувале со лет од Париз во договор со македонски моден креатор кој престојува во Франција се обиделе во државава да криумчарат 16 луксузни чанти од брендот Loewe со вкупна вредност од 3,1 милион денари, информираат од Царинската управа.

Авиокомпанијата Изиџет (еasyJet) од 1 ноември влегува на македонскиот авијациски пазар со авиолинија од Женева до Скопје, три пати неделно, секој понеделник, четврток и петок.  Од ТАВ Македон

Кога слетале на Меѓународен Аеродром Скопје патничките се упатиле на зелен канал со намера нелегално да пренесат чанти од луксузни брендови и да избегнат плаќање давачки кон државата во висина од 924 илјади денари.

Истиот момент царинските службеници ги застанале за детална контрола при што во куферите на една од патничките, инаку македонски државјанки, ги пронаше луксузните ташни. Против неа е поднесена кривична пријава до Основно Јавно Обвинителство Скопје заради сомнение дека сторила кривично дело криумчарење.

Во јавен царински склад помеѓу стока со потекло од Кина наменета за увозник во Скопје, мобилен тим на Царинската управа пронашол 132 бормашини, кои не биле опфатени со царински документи.

Како штро информираат од царинската управа, Службата за мобилни скенери при контрола на товарно моторно возило на излез од државата на граничен премин Табановце открила 40 штеки цигари сокриени во горниот дел од кабината на влекачот.

Од Царинста управа информираат и дека брачен пар се обидел преку граничен премин Блаце во државата да криумчари 72 пара патики со вкупна вредност од околу 100 илјади денари. Во намерата биле спречени од мобилен тим кој при контрола на возилото помеѓу седиштата и во багажникот ги откри непријавените производи.

Мобилен тим на Царинската управа, на излез од државата на граничен премин Деве Баир при контрола на автобус во еден ранец и патничка торба откри 58 пасоши за домашни миленици со турски сериски броеви. Сопственик на пасошите бил турски државјанин, водич на автобусот кој сообраќал на релација Косово-Турција.

На влез во државата на граничен премин Богородица царинските службеници при контрола на камион со бугарски регистарски таблички во просторот за палети открија 85 литри ладно цедено маслиново масло.

Од Царинската управа соопштуваат дека 56 женски чанти биле пронајдени во багажниот простор и резервната гума на автомобил со косовски регистарски таблички, управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничен премин Богородица. сст/са/

фото Царинска управа и МИА архива

 

 

 

 

 

 
 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан