• петок, 15 ноември 2024

Според „Меријам-Вебстер“, зборот на годината е „автентично“

Според „Меријам-Вебстер“, зборот на годината е „автентично“

Лондон, 27 ноември 2023 (МИА) - Во ерата на „дипфејк“ видеомонтажи и „пост-вистини“ ('deepfake', 'post-truth'), кога вештачката интелигенција доживува подем и Илон Маск го претвори „Твитер“ во „X“, според светски познатиот „Речник Меријам-Вебстер“, зборот на годината, за оваа 2023., е придавката „автентично“ ('authentic').

- Автентична кујна. Автентичен глас. Автентично јас. Автентичноста како „вештачкоинтелигентен уред“... Пребарувањата за зборот ѝ се рутински тешки на страницата за речникот на компанијава, но доживеаја пораст до нови височини оваа година. Оваа 2023 година, гледаме еден вид криза на автентичноста... Она што го сфаќаме е дека кога ја доведуваме во прашање автентичноста, ја цениме уште повеќе, изјави главниот уредник на „Речникот“, Питер Соколовски.

Тој и неговиот тим не навлегуваат во причините зошто луѓето се упатуваат кон речници во потрага по конкретни зборови. Наместо тоа, тие ги сведуваат податоците за пребарувањата и светските настани со коишто тие се поврзани. Овојпат, просто имало постојаност во годинашниот зголемен интерес за поимот „автентично“.

 „Вистинито“, „оригинално“, „изворно“, „нелажно“, „верно на изворното“, „веродостојно“, „вредно да се прифати како уверување засновано на факти“ - се дел од објаснувањата за новиот збор на годината.

„Автентично“ е наследник на новиот збор за „психолошка манипулација“ (gaslighting) од 2022 година. Дополнително, 2023 година ја означува и 20-годишнината на изборот на главен збор на годината од „Речникот Меријам-Вебстер“ на англискиот јазик.  си/ссм/

Фото: Дигитален речник на македонскиот јазик

Остани поврзан