• понеделник, 23 декември 2024

Според дипломати, ЕУ до крајот на годината може да воведе забрана за увоз на руска нафта

Според дипломати, ЕУ до крајот на годината може да воведе забрана за увоз на руска нафта
Брисел, 1 мај 2022 (МИА) -  До крајот на годината ЕУ најверојатно ќе воведе постепено забрана за увоз на руска нафта како дел од новата рунда санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина, изјавија извори за француски медиуми. Европската комисија, која подготвува санкции за 27-те земји на ЕУ, во моментов го подготвува текстот, што би можел да им биде доставен на земјите-членки уште в среда, велат дипломатите. Неколку дипломати рекоа дека забраната е овозможена по пресврт на политиката од страна на Германија, која се спротивставуваше на мерката, сметајќи ја за потенцијално штетна за нејзината економија. Според дипломатите, Комисијата ќе предложи постепено воведување на забраната за шест до осум месеци, давајќи им на земјите време да го диверзифицираат своето снабдување, велат изворите. зш/

Остани поврзан