• понеделник, 23 декември 2024

Спогодба за продолжување на колективниот договор на АД ЕСМ

Спогодба за продолжување на колективниот договор на АД ЕСМ
Скопје, 11 декември 2020 (МИА) - Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и претседателот на Синдикалната организација на Државните електрани Јове Смилевски денеска потпишаа Спогодба за продолжување на важноста на колективниот договор за период од две години. Спогодбата се однесува на Колективниот договор на друштвото потпишан во декември 2018 година. По потпишувањето на документот, двете страни изразиле задоволство од квалитетот на социјалниот дијалог кој во континуитет се одвива во АД ЕСМ. -Менаџментот на компанијата и синдикалните претставници на вработените потенцираа дека отворената и искрена комуникација меѓу двете страни ќе продолжи и во иднина, со цел понатамошно подобрување на условите за работа на вработените во најголемата енергетска компанија во земјава, како и заштита на нивните права, се наведува во соопштението на АД ЕСМ.бт/дма/

Остани поврзан