• недела, 22 декември 2024

СПМ организираше трибина „Жената–трудбеник, столб на семејството и општеството“

СПМ организираше трибина  „Жената–трудбеник, столб на семејството и општеството“

27 април 2023 

Во пресрет на претстојните првомајски празнувања Социјалиситичката партија на Македонија организираше трибина под наслов: „Жената–трудбеник, столб на семејството и општеството“.

На трибината се искажани повеќе ставови и оценки за улогата на семејството во општеството, за позицијата на жената во современи услови на работа и живеење и за проблемите со кои се соочува и за кои се бара поддршка од државата.

Во дебатата се согледани прашања и за „Жените и промените во македонската политика“ односно потребата од активацијата на жените во современите политички процеси и промени.

Заложбите на Социјалистичката партија на Македонија се повторени за почитување на улогата на жената како фактор во донесувањето на одлуки во органите и телата во државата и во сите институции каде што се креира и спроведува политката.

Социјалистичката партија на Македонија се залага за зајакнување на позицијата на жената и во градовите и во селските населби, со оглед дека нејзината улога е непроценлива и незаменлива.

Исто така, Социјалистичката партија на Македонија ја истакнува потребата за измени во прописите со цел за постигнување на целосна родова еднаквост во застапеноста на жените во законодавната, во извршната и во локалната власт.

Искажаните предлози и ставови од трибината се заклучи да бидат преточени во акциона програма што Форумот на жени на Социјалистичката партија на Македонија ќе ја спроведе во функција на креирање на политики и активности во идното делување на македонската политичка сцена.

ИНФОРМАТИВНА СЛУЖБА НА СПМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан