• среда, 18 декември 2024

СПМ: Не за уставни измени, брзи предвремени парламентарни избори

СПМ: Не за уставни измени, брзи предвремени парламентарни избори

Скопје, 11 април 2023 

Социјалистичката партија на Македонија ги предупредува граѓаните и македонскиот народ на повторното кршење на Уставот од страна на одродената влада и политичките партии сведени на обични полтрони на ДУИ и СДС како партија поддржувач.

Социјалистичката партија на Македонија потсетува дека уставните измени се последица од минатогодишното исклучување на опозициските партии од преговарачкиот процес, како и од собраниското надгласувањето за прифаќање на ткн.француски предлог во кој е соддржано новото бугарско барање за измени во Уставот на Република Македонија.

Социјалистичката партија на Македонија напоменува дека со најновото владиното безумие и насилството се крши Уставот и собранискиот Деловник.

Напоменуваме дека Уставот не предвидува никакво формирање на комисија надвор од Собранието и матичната Уставна комисија.

За самите уставни измени потребно е создавање на атмисфера со изграден политучки консензус кој што не е постигнат, но и пленарно изјаснување со двотретинско мнозинство за оправданоста за уставни измени. Воедно, и расположението кај граѓаните во огромен број е против било какво менување на Уставот.

Социјалистичката партија на Македонија смета дека било каква комисија во било која форма, како онаа во ненадележното и крајно неуспешно Министерство за правда, и било која и било каква дискусија и дебата ги смета за беспредметни и за спротивни на законот и на интересите на македонскиот народ и граѓаните на Македонија.

Воедно со покажаната тврдоглавост, непочитување на гласот на народот и насилството врз институциите власта е единствениот виновник за дополнителното продлабочување на политичката криза и нови поделби по сите основи.

Социјалистичката партија на Македонија ја упатува Владата и партиите во власта на вразумување и прифаќање на реалноста, на расположението и барањето на граѓаните не за уставни измени туку за спроведување брзи предвремени парламентарни избори.

ИНФОРМАТИВНА СЛУЖБА НА СПМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан