• сабота, 16 ноември 2024

Списанието „Плејгрл“ со нов концепт

Списанието „Плејгрл“ со нов концепт
Лос Анџелес, 5 ноември 2020 (МИА) - Додека опстанокот на повеќето списанија виси при корона-пандемијава, најавено е дека прославеното „Плејгрл“ од 1970-тите, повторно ќе излегува, со нов концепт и ќе биде место за современи женски пораки и вредности. Тоа повторно е замислено како катче на различности, со содржини наменети за жените, пред сѐ. Списанието ќе има само печатено издание под мотото „Ние преземаме оттука“. Првичното списание беше замислено како еден вид спротивставување на „Плејбој“. - Сè што направија во „Плејбој“, направија и со „Плејгрл“. Тоа беше занимливо неколку години, потоа го продадоа, па вторпат и - потоа тоа се претвори во, би рекла - геј-порносписание, изјави Скај Парот, главна уредничка на новиот „Плејгрл“. Таа натаму вели дека како феминистичко списание, тоа треба да има поинакви цели. - Светот во којшто живееме е создаден од мажи и сè се врти околу машките вредности. Сакам да создадам списание кое ќе понуди поинакво гледиште - женско. На голите слики ќе им се пристапи од перспектива на ранливост. За мажите, голотијата значи секс, за жената значи - изложеност. Тоа е сосем друга перспектива, додава Парот. Во време на пандемија, одговорните за списанието работат од дома, додека децата им се околу нив. - Поентата не е дека жените треба да се однесуваат како мажи, туку - што можеме да му понудиме на светот, во смисла на женските принципи, вели Парот. си/

Остани поврзан