• понеделник, 23 декември 2024

„Спејс-Икс“ успешно ги лансираше првите свои вселенски туристи

„Спејс-Икс“ успешно ги лансираше првите свои вселенски туристи
Мајами, 16 септември 2021 (МИА) - „Спејс-Икс“ на Илон Маск рано утрово, во 02:00 ч. по македонско време, успешно ги лансираше првите свои четворица вселенски туристи - највисоко во Земјината Орбита. Тие три дена ќе престојуваат во Вселената.

Според западни медиуми, овојпат „Спејс-Икс“ цели на околу 575 километри над Земјата, повисоко и од Меѓународната вселенска станица (МВС) Летот е изнајмен од американскиот милијардер Џеред Ајзекмен - 38-годишниот основач и извршен директор на „Шифт-4 пејмент“ и искусен пилот. Со него се и Наставничката Сијан Проктор (51), Хејли Арсено (29-годишна излечена од рак) и инженерот Крис Семброски (42). Точната сума за летот, не е објавена, но се претпоставува дека станува збор за десетици милиони долари. Ракетата „Фалкон 9“ со вселенска капсула „Кру драгон“ полета од американскиот космодром Кејп Канаверал при Вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида. „Спејс-Икс“ досега повеќепати превезува астронаути на МВС за американската вселенска агенција - НАСА. Ова е прв лет на „Спејс-Икс“ со цивили. Компанијата на Илон Маск со ова влегува во борбата за својот „дел од колачот“ наречен „вселенски туризам“.  си/

Остани поврзан