• сабота, 21 декември 2024

Специјалните сили на Северна Македонија дел од мултинационална воена вежба во Грција

Специјалните сили на Северна Македонија дел од мултинационална воена вежба во Грција

Атина, 6 септември 2024 (МИА) - Силите за специјални операции од Северна Македонија, заедно со специјалните сили од САД, Франција, Италија, Кипар, Бугарија, Австрија, Полска, Египет и домаќинот Грција учествуваат во мултинационалната воена вежба „ОРИОН-24“ што од 2 до 13 септември се одржува во поширокиот регион на  областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина.

Во рамките на вежбата планирани се десетици сложени сценарија како на копно, така и во вода и воздух, а од Генералштабот на националната одбрана на Грција на социјалните мрежи објавија фотографии и видео од текот на воената вежба.

Според грчките медиуми, меѓу панираните сценарија се и ослободување и повторно заземање на мал остров во источниот дел на Егејското море, што воедно е сценарио со голема оперативна тежина, како и излез на двајца командоси од подморница.

Паралелно ќе се извршат ноќни и денски скокови со падобрани, скокови од хеликоптер во морски дел, но и употреба на оружје и снајпери, неутрализацијата на експлозивните направи како и пружањето прва помош.

Припадниците на специјалните сили на Северна Македонија учествуваа и во ланската воена вежба „ОРИОН 23“ што од 24 април до 5 мај се одржа во Грција. ср/аа/

Фото/Видео: Генералштаб на националната одбрана на Грција

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан