Специјалниот пратеник на ОН го повика Израел да ги прекине нападите врз Сирија
- Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Гир Педерсен денеска го повика Израел веднаш да ги прекине нападите врз Сирија по соопштението на израелската војска дека синоќа погодила сириски воени објекти.
Дамаск, 3 мај 2025 (МИА) - Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Гир Педерсен денеска го повика Израел веднаш да ги прекине нападите врз Сирија по соопштението на израелската војска дека синоќа погодила сириски воени објекти.
„Остро ги осудувам континуираните и ескалирачки кршења на суверенитетот на Сирија од страна на Израел, вклучително и повеќекратните воздушни напади во Дамаск и други градови“, наведе Педерсен во објава на мрежата Икс.
Тој го повика Израел да ги прекине нападите и загрозувањето сириски цивили, како и да го почитува меѓународното право и суверенитетот, единството, територијалниот интегритет и независноста на Сирија. рп/
Фото: МИА архива