Спасувачки тим од САЕ Тигар и Хеликоптерската единица на МВР спаси повреден планинар на Осоговските планини
- Од Министерството за внатрешни работи информираат дека спасувачката акција е реализирана околу 17 часот откако во попладневните часови било пријавено дека планинарот се здобил со повреди и не можел да се движи.

Скопје, 7 октомври 2023 (МИА) - Спасувачки тим од Хеликоптерската единица за полициски намени и Алпинистичкиот тим од Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар попладнево на Осоговските планини спасија повреден планинар.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека спасувачката акција е реализирана околу 17 часот откако во попладневните часови било пријавено дека планинарот се здобил со повреди и не можел да се движи.
- Веднаш по добиената пријава, Алпинистичкиот тим на САЕ Тигар со хеликоптер пристигна на местото на несреќата, го подготви повреденото лице за транспорт и со хеликоптерот од Хеликоптерската единица за полициски намени го пренесе до хелиодромот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде е предадено за укажување лекарска помош, се наведува во соопштението од МВР. бак/
Фото: МВР