• недела, 22 декември 2024

Спасовски: Ќе има одговорност за случајот со Онишченко

Спасовски: Ќе има одговорност за случајот со Онишченко
Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека случајот со доделеното државјанство на контроверзниот Олександр Онишченко нема да ја наруши безбедноста на земјата, и порача дека ќе има одговорност за тие што погрешиле во овој случај. Спасовски вели дека се случуваат пропусти, но важно е да има одговорност. -Секаде може да се случат одредени пропусти. Прашањето е дали тие пропусти ќе бидат оставени по страна или тие ќе бидат процесуирани. Овде одговорот е јасен и тоа директорот го соопштува – дека ги расчистува работиве и се преземаат соодветни мерки, рече Спасовски. Спасовски рече дека Украинецот Олександр Онишченко, кој зема македонско државјанство, живее во Германија каде ги има сите документи, посочувајќи оти не му е јасно зошто на Онишченко му требале наши документи. На прашањето дали во случајот со Онишченко некои пари завршиле во нечиј џеб, вели дека сите информации сигурно ги има раководството на АНБ. -Сите тие информации, и не само информации туку и утврдени факти сигурно дека ги има раководството на АНБ и тие се тие што ќе ни ги соопштат на сите нас во однос на тоа како, што, зошто е направена, и на тој начин ќе се утврди и одговорноста, вели Спасовски. нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан