• понеделник, 23 декември 2024

Спасовски: Центарот за странци функционира непрекинато веќе 20 години

Спасовски: Центарот за странци функционира непрекинато веќе 20 години
Скопје, 16 август 2021 (МИА) - Центарот за странци функционира непрекинато веќе 20 години и иако е сместен на локација на густо населено место (Гази Баба), од неговото отворање, па до денес не е регистриран случај каде локалното население било загрозено од страна на привремено задржаните лица за време на нивниот престој во Центарот, не се регистрирани никакви нарушувања на јавен ред и мир од лицата кои биле времено сместени во него, ниту пак се пријавени евентуални штети по локалното население. Ова денеска го напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот ФБ профил. Моментално во Прифатниот центар за странци, објави тој, се наоѓаат 11 лица, од кои девет мажи и две жени (Гамбија -3, Косово -3, Пакистан -2, Сенегал -1, Турција -1, Португалија -1). - Прифатни центри за странци има во секоја држава и тие апсолутно немаат врска со мигрантите, како што одредени медиуми повремено ја дезинформираат јавноста, пласирајќи лажни вести. За таа намена во државата функционираат два транзитните центри во Гевгелија и Табановце, кои се од исклучиво транзитен карактер и кои немаат никаква допирна точки со Центарот за странци, објави Спасовкски на неговиот официјален фејсбук профил. цр/са/

Остани поврзан