• недела, 22 декември 2024

Спасовски: Пораките со лажни пријави за бомби се пуштени однадвор

Спасовски: Пораките со лажни пријави за бомби се пуштени однадвор
Скопје, 29 октомври 2022 (МИА) - Пораките со лажните пријави за бомби во скопските средни училишта се пуштени од надвор од државата, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
- Имаме сериозни индиции за тоа како се одвива целиот тој процес и во тој дел работиме максимално посветено, со помош на нашите партнери, со цел да ги прекинеме овие монструозни чинови кои предизвикуваат вознемиреност кај граѓаните, рече Спасовски на гостувањето во дневникот на „Сител“.
Тој потенцираше дека сите капацитети на безбедносните служби, од почетокот на мандатот на ова раководство на МВР, се посветени кон сериозна заштита на граѓаните во сите сегменти, меѓу кои и во сајбер безбедноста.- Знаете дека имаше обиди за напади врз институциите, хакерски напади врз неколку институции во државата. Дури и при спроведувањето на пописот имаше сериозен хакерски напад на целиот систем којшто практично работеше во делот на спроведување на пописот, на неколку од министерствата итн. Тоа покажува само колку е потребно во делот на сајбер безбедноста да се преземат сите мерки и таа сајбер безбедност да ја зголемуваме преку јакнење на капацитетите материјално-технички, меѓутоа и на човечките ресурси, рече Спасовски. Три дена во текот на неделата имаше лажни пријави за поставени експлозивни направи во неколку средни училишта во Скопје по што учениците беа евакуирани и се вршеа детални проверки од страна на екипите на МВР. бак/

Остани поврзан