• четврток, 21 ноември 2024

Спасовски: Показната вежба на полициските „Тигри“, круна на завршената едномесечна обука спроведена од италијанските карабинери

Спасовски: Показната вежба на полициските „Тигри“, круна на завршената едномесечна обука спроведена од италијанските карабинери
Скопје, 7 октомври 2021 (МИА) - Денешнава показна вежба на нашата Специјална антитерористичка единица – Тигар, како круна на завршената речиси едномесечна обука што ја спроведоа експерти припадници на италијанските карабинери, е дополнителен доказ за решеноста на Министерството да истрае во својата визија за институција што навистина ќе биде непробоен бедем за сите прекршители на законите за сите закани по безбедноста на граѓаните и државата. Ова го напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот официјален фејсбук статус. - Заедно со нашите партнери од ЕУ, како и со користењето на низата конкретни механизми за помош и поддршка на Унијата, Министерството за внатрешни работи постојано работи на севкупното институционално зајакнување на сите организациони сегменти подеднакво имајќи на ум една иста цел: структуирајќи полиција која што ќе биде во служба на безбедноста и на сигурноста на граѓаните и на општеството, објави Спасовски. Обуката е спроведена од италијанската Специјална единица за интервенции (ГИС) за „Зајакнување на капацитетите за превенција/спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам“, во рамки на проектот ИПА 2016 - „Јакнење на координативните капацитети за превенција и борба против насилен екстремизам и тероризам“. цр/сп/

Остани поврзан