• понеделник, 23 декември 2024

Спасовски - Нехамер: Соработката меѓу С Македонија и Австрија беше и продолжува да биде плодна и продуктивна

Спасовски - Нехамер: Соработката меѓу С Македонија и Австрија беше и продолжува да биде плодна и продуктивна
Скопје, 21 февруари 2022 (МИА) - Соработката меѓу нашите министерствата за внатрешни работи на Северна Македонија и Австрија беше и продолжува да биде плодна и продуктивна, особено по стапувањето на сила на Договорот за полициска соработка меѓу двете Влади, е заклучено на денешната средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со австрискиот канцелар Карл Нехамер на маргините на Министерската конференција на Платформата за заедничка координација за ефикасна борба против нелегалната миграција долж Источномедитеранската рута во Виена. Преку објава на својот фејсбук-профил, Спасовски упатува благодарност до канцеларот Нехамер, за континуираната поддршка и за особено значајните заложби преку Сојузното министерство за внатрешни работи на Австрија за спроведување на иницијативата за „Заедничка координативна платформа“, со која, како што вели, се промовира и ефектуира подобра координација на мерките против илегалната миграција долж Источномедитеранската рута. - Имено, канцеларот Нехамер, за време на својот мандат како МВР оствари посета на Северна Македонија, во чиишто рамки заедно ја посетивме нашата јужна граница, Граничниот премин „Богородица“, како и полициските службеници на австрискиот полициски контингент во земјава, кои учествуваат во заедничките операции со нашите полициски службеници, долж граничната линија со Република Грција, посочува Спасовски во објавата. фф/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан