• понеделник, 01 јули 2024

Спасовски на осветување на црквата Пресвета Богородица во Ростуше

Спасовски на осветување на црквата Пресвета Богородица во Ростуше

Скопје, 30 јули 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил објави дека денеска присуствувал на осветување на црквата Пресвета Богородица во Ростуше, од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф и Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски Партениј, со молитвено учество на дебарскиот архиерејски намесник о. Миле Ангелковски, на Бигорското монашко братство и на сестринството од манастирот Свети Георгиј Победоносец во село Рајчица.

- Благодарност до Епископот Партениј и на монашкото братство за овој свет и значаен историски чин за долнореканскиот крај, за заложбите и личниот труд за возобновување на храмот на Божјата Мајка, со што жителите и селото Ростуше добија исклучително убав храм кој ја слави милоста за доброто на сите жители, напиша Спасовски на фејсбук. цр/бак

Фото: фејсбук Оливер Спасовски

Остани поврзан