• недела, 22 декември 2024

Спасовски: Силно ќе се борам за проевропскиот концепт

Спасовски: Силно ќе се борам за проевропскиот концепт

Скопје, 13 јануари 2023 (МИА) - Постапките течат, за тие постапки ќе се разговара во органите на партијата, најважно е да се одбере најдобриот кандидат за претседател, да се одберат најдобрите кандидати за пратеници, тие коишто ќе ја побараат довербата на граѓаните, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на интервјуто за Гласот на Америка.

Министерот Спасовски додаде дека се работи за два спротивставени концепти со опозицијата, но рече дека тој самиот силно ќе се бори за проевропскиот концепт

-Да има јасна перспектива за граѓаните, јасни очекувања за граѓаните што е тоа што може да се случи, ви за ви концептот којшто го застапува опозицијата во којшто не знаете дали посакуваат да одиме напред кон Европската Унија или ќе се вратиме назад кон времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ итн, посочи Спасовски. сх/

Фото: Принтскрин/Гласот на Америка

">

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан