• недела, 22 декември 2024

Спасовски: Народот ги виде Скопје 2014 во стиропор и ВМРО-ДПМНЕ во криминал и веќе избра сигурна иднина и пари кај граѓаните

Спасовски: Народот ги виде Скопје 2014 во стиропор и ВМРО-ДПМНЕ во криминал и веќе избра сигурна иднина и пари кај граѓаните
Скопје, 4 јули 2020 (МИА) - Народот ги виде Скопје 2014 во стиропор и ВМРО-ДПМНЕ во криминал и веќе избра сигурна иднина и пари кај граѓаните, а на 15.јули ќе избере и развојна економија, затоа што знае дека можеме, рече носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, вечерва на средбите со жители на населбите Даме Груев и Кисела Јабука во општината Ѓорче Петров.
На средбите се разговараше за брзата развојна економија што ја најавува СДСМ за следниот четиригодишен мандат, за повисоки плати и пензии и нови работни места, како и за изградба на современа инфраструктура и инстутуции по европски стандарди.
-Се грижиме за сите и вложуваме во изградба патишта, инфраструктура, институции, човечки потенцијал, во изградба на државата. Мостовите што ги направивме меѓу нас дома и со светот тоа го овозможуваат. Мисајловски кој е дел од режимот на Груевски не може да ја потцени интелигенцијата на народот кој знае дека ако Мисајловски сакаше обнова, ќе се приклучеше на обновата што почна пред три години. Но тој е дел од партијата ВМРО-ДПМНЕ која го градеше Скопје 2014 во стиропор, додека граѓаните чекореа во кал, а тој беше и министер и не презема ништо за потребите на луѓето. СДСМ ја предводи Владата во чијшто мандат експанзивно се гради секаде, вклучувајки ја и изборната единица 2, каде се инвестира како никогаш досега. Затоа на едната страна има опасност, тоа е ВМРО-ДПМНЕ којашто сака обнова на режимот за нови стиропори и кражби и на другата страна има опцијата за изградба на сигурна иднина и брза развојна економија за сите, што ја застапуваат  СДСМ и коалицијата Можеме. Граѓаните на 15.јули гласаат за за број три, бидејки сакаат развојна економија и сигурност, порача на вечерашните средби Спасовски. дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан