• петок, 22 ноември 2024

Спасовски и Џенрик од Тирана: Со заедничка соработка до одговор на сите предизвици

Спасовски и Џенрик од Тирана: Со заедничка соработка до одговор на сите предизвици

Тирана, 14 септември 2023 (МИА) – Во Тирана попладнево се одржува Конференцијата на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес, на која учествува  и македонскиот министер Оливер Спасовски.

Пред почетокот на овој собир, министерот Спасовски оствари работна средба со министерот за емиграција на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Роберт Џенрик.

-Двајцата министри разговараа за прашањето на миграција и нејзините движења, како и за криумчарењето на мигранти, при што беше заклучено дека мора заеднички да се работи и соработува, со цел да има успешно менаџирање на миграцијата. На средбата, исто така, стана збор за темата организиран криминал, како и справувањето со сајбер заканите, објавија од македонското МВР.

Двајцата соговорници се согласиле дека за овие теми нема простор за импровизирање, туку само со заедничка соработка и поддршка на вакви и слични платформи како што е Берлинскиот процес, да се даде брз, ефикасен и ефективен одговор на сите предизвици.

Тој синоќа, по пристуигнувањето во Тирана имаше средба со домаќинот, албанскиот колега Таулант Бала.

Спасовски ќе дебатира во  рамки на две сесии на темите „Интегрирано гранично управување на Западен Балкан“, „Регионална соработка во борбата против организиран криминал“, и „Партнерство за сајбер безбедност на Западен Балкан“. вт/дма/

 

 фото: МВР 

Остани поврзан