Спасовски и Мадиќ ќе извршат увид во градежните работи на новата полициска станица во Аеродром
- Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик-министерката за правда Викторија Аврамовиќ-Мадиќ ќе извршат увид во градежните активности на новиот објект на полициската станица во Аеродром.

Скопје, 17 ноември 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик-министерката за правда Викторија Аврамовиќ-Мадиќ ќе извршат увид во градежните активности на новиот објект на полициската станица во Аеродром.
Новиот објект на полициската станица се гради на местото на старата полициска станица. Предвидено е да биде на површина од 3.500 метри квадратни. Објектот ќе биде изграден на три нивоа, подрум приземје и кат со што ќе бидат опфатени сите потребни содржини и простории во согласност со полициските и меѓународно прифатените безбедносни стандарди и нормативи. Рокот на изградба е 30 месеци, а вкупната инвестиција е околу 130 милиони денари со вклучен ДДВ. Камен-темелникот беше поставен на 28 јули годинава. бак/
Фото: МИА архива