• недела, 22 декември 2024

Спасовски и Димитриевски на трибина „Најдобро за нашата општина“ во Куманово

Спасовски и Димитриевски на трибина „Најдобро за нашата општина“ во Куманово
Скопје, 30 јуни 2021 Во своето обраќање на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Куманово, потпретседателот Оливер Спасовски порача дека СДСМ во овие четири години ги реализираше ветувањата дадени пред граѓаните, покажа вистинска грижа за сите граѓани, го постави и ѓивее концептот Едно општество за сите. - Речиси сите проекти ветени пред граѓаните на изборите во 2016 година, сега се реалзиирани. Ќе се осврнам на економскиот дел, воведовме поврат на ДДВ за граѓаните, воведовме дневна евтина тарифа на струјата, неколкукратно ја зголемивме минималната плата, 8.500 денари беше минималната плата во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, сега таа е над 15.000 денари. Платите неколкукратно се зголемени во сите сектори и во здравството, во образованието, во социјалната и детска заштита, во одбраната и полиција. Покажавме и покажуваме што значи вистинска грижа за граѓаните. Денеска во Собранието го донесовме Законот за пензионирање на 62 и 64 години, на седница на Влада го усвоивме Законот за отпис на камати на долгови, со што на 150.000 граѓани ќе им помогнеме трајно да ги затворат долговите кон јавните претпријатија“ порача Спасовски. Потпретседателот Спасовски истакна дека граѓаните имаат доверба во СДСМ, затоа што СДСМ и на локално и на централно ниво во овие четири години докажа дека зборот даден пред граѓаните, важи, дека е посветена на интересите на граѓаните и државата и затоа СДСМ е неспорен фаворит на локалните избори како во Куманово, така и во сите други општини. Поминаа тие тешки моменти кога Куманово беше ставено на маргините на државата, денеска Куманово има големи можности и ги користи тие можности општината се развива и гради, истакна кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Куманово. Тој нагласи дека Куманово е единствена општина, која беше блокирана, намерно вештачки од претходната власт а сега е раздолжена. Денеска на сметка има 167 милиони денари граѓански парти, и со нив ќе продолжиме да го градиме наше заедничко Куманово, подвлече Димитриевски, додавајќи дека само оваа година се изградни 8 км патна инфраструктура, извршена е реконструкција на сите спортски капацитети во училиштата, за 3 години се изградени 3 училишни спортски сали, проширена е гасоводна мрежа Димитриевски истакна дека Соколаната и спортската сала и стрелиштето, стадионот, се вратени назад на општината и се реконструираат и ќе продолжиме посветено понатаму. Ние од СДСМ сме најупорните, бевме заедно во тешките моменти, заедно остануваме до крај, додека Куманово го градиме како еден модерен европски град, а различностите ќе не направат уште посилни, порача градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ____________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки    

Остани поврзан