• петок, 22 ноември 2024

Спасовски се сретна со црногорскиот министер Зоран Миљаниќ

Спасовски се сретна со црногорскиот министер Зоран Миљаниќ

Скопје, 25 август 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за време на работниот престој во Подгорица, во Владата на Црна Гора, оствари работна средба и со Зоран Миљаниќ, министер без ресор.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на средбата станало збор за унапредување на успешната билатерална соработка, во насока на интензивирање на оперативната соработка во повеќе области, како што се борбата со илегалната миграција, организираниот криминал и корупцијата, тероризмот и сајбер криминалот.

- Двајцата министри се согласија дека регионалната соработка е круцијален фактор за успешна борба против овие појави, а кон добрите резултати придонесуваат имплементациските протоколи на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ, но и заедничкото учество во регионалните иницијативи. Воедно, беше истакнато и сојузништвото во НАТО, што е гарант за безбедноста во регионот, но и за создавање на просперитетен регион, се наведува во соопштението. бд/

Фото: Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан